Славчо Пандурски

Општина Пехчево

Пехчево е наш заеднички дом. Нашето Пехчево е посебен град, град што изобилува со прекрасни природни богатства. Богат со традиција и култура, исклучително важна географска местоположба и со потенцијал за развој на мало стопанство, планински туризам, земјоделство, сточарство и овоштарство. 

Со чувство на длабока почит и голема одговорност кон идните генерации, ми претставува особена чест и обврска да ви ја претставам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Пехчево. Да се биде градоначалник на ваков град претставува особено задоволство и највисоко достигнување.

Во последните неколку месеци бевме во посета на голем број домаќинства во Општина Пехчево, а информациите и барањата што ги добивме од вас, граѓаните, се основата на оваа програма и се преточени во конкретни решенија што имаат цел да го подобрат секојдневието на секој еден граѓанин и да овозможат подобри услови за живот, овде во Пехчево.

Иако општината имаше сериозни долгови, ние во минатиот мандат се насочивме кон раздолжување, па сега е вистинскиот момент кога средствата ќе ги насочиме во реализација на програмата.

Отсекогаш имало проблеми и ќе има, но локалната власт е токму таа што треба да се посвети кон ефикасно и навремено решавање на проблемите на граѓаните. Во наредните четири години се обврзуваме да бидеме вистински сервис на граѓаните.

Акцент ќе дадеме кон подобрување на патната и уличната инфраструктура, водоснабдувањето и уредувањето на просторот со цел да се подобрат условите за живеење и да привлечеме што поголем број туристи.

Мојата визија е Пехчево да биде квалитетно место за живеење, место што нуди можност за економски просперитет и во кое младите остануваат да живеат и работат тука и тука да ја градат својата иднина.

Чест, обврска и гордост е да бидеш дел од тимот што ја има визијата за подобро Пехчево. Вклучете се и вие и бидете дел од тимот за да го направиме најдоброто за нашата општина.

Пет клучни проекти за иднината на Пехчево

Една од главните надлежности на општината е да обезбеди квалитетна и во доволни количини, пред сè, вода за пиење како испорака на техничка вода за целото население. Во тој правец, во наредните четири години предвидуваме подобрување на водозафатите, реновирање на дотраени доводни и разводни водоводни мрежи, комплетно третирање на водата пред употребата, соодветна дистрибуција и на крајот нејзино пречистување пред упатувањето во реципиентот. Од тие причини ќе дадеме акцент на водоснабдувањето и приоритет пред сите други обврски и надлежности. Досегашната практика потврдува дека зафатот на Пехчевска Река честопати е недоволен за жителите на Пехчево, Негрево, Чифлик, Умлена и Робово, па од тој аспект во функција ќе се стави и зафатот од Жтачка Река, кој во моментот не е во функција. За таа цел, неопходно е реновирање на двата водозафата, нивно оградување и подобрување на пристапите до истите што е наш приоритет во мандатот што постои. 

ВОДО-СНАБДУВАЊЕ И ОДВОДНУВАЊЕ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ РОБОВО – УМЛЕНА - ЧИФЛИК

ПРВА ФАЗА РОБОВО – УМЛЕНА

ВТОРА ФАЗА УМЛЕНА – ЧИФЛИК

Споменатиот патен правец е во очајна состојба, а е неопходен за поврзување на селата Робово и Умлена со Пехчево. Самата конфигурација на теренот честопати во зимски услови патот го прави тотално непрооден или прооден само во еден правец, и тоа со огромен ризик на корисниците. Првата фаза е изградена пред повеќе од 20 години и оттогаш до денес не се преземени никакви градежни активности. 

Со оглед на тоа дека тој е изграден на несоодветна подлога и со мали количини тампон, има пропаднато на многу места и е во лоша физичка состојба на повеќе делници од патот одводнувањето на атмосферските води не е решено, така што тие се причина за негово брзо распаѓање. Исто така, на корисниците на тој пат ќе им биде продолжен векот на траење на нивните возила. Бидејки споменатиот пат покрај жителите на Робово и Умлена го користат и други корисници што имаат потреба да дојдат до некоја своја земјоделска парцела по повеќе од неопходно е тој да се реконструира што е можно побрзо. Исто така, на корисниците на тој пат ќе им биде продолжен векот на траење на нивните возила.

Делот на речното корито од Китански Мост до фамилија Миовски во Пехчево е нерегулиран, како и делот од градското пазариште до мостот кај фирмата Фагус. Со реализација на тој проект ќе се добијат повеќе придобивки. Во едниот дел дооформување на улица „Првомајска“, а во другиот дел создавање идеална површина за паркинг-простор што е многу потребен за тој дел од градот. Бидејќи на тој потег од двете страни на реката има куќи што ја користат како депонија, неминовно е регулирање на тој дел. Од друга страна, на тој дел има изникнато диви растенија што ги прикриваат фрлените предмети во реката и, поради тоа, чистењето е отежнато. 

РЕГУЛАЦИЈА НА ДЕЛ ОД РЕЧНОТО КОРИТО НА ПЕХЧЕВСКА РЕКА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ПЕХЧЕВО - PABHA РЕКА

Локалниот пат Пехчево – Равна Река е изграден пред повеќе децении ибил во функција, пред сè, за експлоатација на шумското богатство. Со текот на годините во последните дваесетина години во горниот дел на текот на реката Брегалница се изградени над 70 викендички, рекреативно-туристички центар, пристап до еден водопад, кој е комплетно уреден и три рибници. Треба да се земе предвид фактот дека во тој предел природата подарила неколку водопади, а од друга страна, тој обилува со букова и борова шума и самиот по себе прераснува во туристички локалитет. Во изминатиот период за тој локалитет веќе е донесен детален урбанистички план и сите наредни и предвидени објекти ќе бидат градени врз основа на план.

За користењето на Градскиот стадион и градските гробишта, пред сè е потребен паркинг-простор, што во моментот како простор го има но не е уреден. Честопати посетителите и на стадионот и на градските гробишта ги паркираат своите возила на самите сообраќајници што дава и грда слика, а истовремено ја намалува и безбедноста.

УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ПРЕД ГРАДСКИОТ СТАДИОН И ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

Листа на советници за Општина Пехчево

  1. ЕЛЕНА МИХАИЛОВА
  2. ЉУПЧО КОСТАДИНОВ
  3. ИРЕНА МАЧЕВСКА
  4. ОГНАН МИОВСКИ
  5. НАДА СИМОВСКА 
  6. СЕАД ЏИВИРОВ
  7. САБИНА ЈАШАРОВА
  8. АЛЕКСАНДАР МАНЧОВСКИ
  9. МАГДАЛЕНА СЕНИЧЕВА
  10. ЏАФЕР ФАЗЛИОВ
  11. ЕЛЕОНОРА ДИМИТРОВ