Соња Стаменкова

Општина Македонска Каменица

Нашата сила е во нашата сплотеност. Соочени сме со различни предизвици, но заедно продолжуваме да чекориме по вистинскиот пат. Заеднички создаваме праведна општина, базирана врз вистински демократски вредности. Просперитет и развој, слобода и мир, еднаквост и благосостојба, рамноправност меѓу сите наши граѓани, се наши приоритетни цели. 

Сите заедно успеавме да придонесеме за подобри услови за нашите херои – каменичките рудари. Со силна верба и надеж, со огромна посветеност и сериозна поддршка, денес сме горди на успесите на нашите спортисти. Убедени сме дека најмладите се нашата иднина и затоа вложуваме во проекти, каде што ќе можат непречено да се развиваат и да ги унапредуваат нивните вештини. Младите се движечка сила за квалитетни општествени промени и затоа сме отворени за нивните предлози и идеи и со нивна реализација го враќаме сјајот на општината. Го почитуваме придонесот на пензионерите во градењето на нашиот град и затоа се трудиме да им овозможиме мирни и квалитетни услови за живот. 

Силна локална економија е наша стратегиска цел. 

Нашите инфраструктурни проекти се квалитетни, по највисоки стандарди, градени по приоритет, а наша определба е дека мора да обезбедиме основна инфраструктура за сите граѓани. 

Со зголемувањето на инвестициите значително го подобруваме воспитно-образовниот процес и ги мотивираме талентираните, ја поддржуваме културата, а туризмот е наша алтернатива и веруваме дека во блиска иднина нашата Општина ќе биде посакувана туристичка дестинација. 

Нашата сила е во нашето заедништво!

Пет клучни проекти за иднината на Македонска Каменица

Во изминатите четири години Општина Македонска Каменица започна со имплементација на програмата за енергетска ефикасност. Целокупното осветлување заменето е со ЛЕД – штедливо со што се добиени огромни заштеди дури и до 84 %. Во 2018 година е изготвен проект за целосна енергетска ефикасност на ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Според овој проект се реконструира основното училиште Инсталирани се фотоволтаични панели на три јавни установи. Следењето на современите трендови и на европските практики ќе продолжи и во наредните четири години.

Покрај имплементацијата на енергетска ефикасност на јавните установи, Општина Македонска Каменица првпат ќе субвенционира реконструкција на објекти во резиденцијалниот сектор.

Имплементација на програма за енергетска ефикасност

Изградба на дом за стари лица

Еден од приоритетите во Општина Македонска Каменица, кој произлезе од формите на заедниците, средбата со граѓаните и со Здружението на пензионери, е изградбата на дом за стари лица во Општина Македонска Каменица. За таа цел е изработена проектна задача според која ќе се направи основен проект за изградба на дом за стари лица. 

Покрај најголемиот економски субјект на Општина Македонска Каменица – Рудник САСА – во изминатите неколку години започна да се развива и младинското претприемаштво. Со скенирање на состојбите и на потребите на младите се покажа дека на младите претприемачи им е потребна континуирана финансиска помош, со цел проширување на нивните капацитети и намалување на невработеноста.
Општина Македонска Каменица првпат ќе донесе програма за финансиска поддршка на оригинални бизнис – идеи на млади претприемачи

Поддршка за развој на претприемаштвото и поддршка на малите и на средните (МСП) претпријатија во Општината

Изградба на нов спортски комплекс

Во изминатите четири години Општина Македонска Каменица вложи многу во изградбата на спортски терени, реконструкцијата на спортската сала, поставувањето справи за улично вежбање. Вложувањето во изградбата на спортски терени и финансиска поддршка на спортот и на спортските активности ја стави Македонска Каменица на мапата на шампионски градови.

Во наредниот период ќе се изврши целосна реконструкција и изградба на нови терени на т.н. Спортско помошно игралиште и за оваа цел е изготвена целосна техничка документација.

Проектот ќе биде финансиран од буџетот на Општината, Агенцијата за млади и спорт, општествено одговорните компании и други извори. 

Проект: Изградба на тартан патека во подножјето на трибините на фудбалскиот стадион, реконструкција на фудбалскиот стадион и изградба на нови спортски терени. 

Во идниот период Општина Македонска Каменица ќе продолжи да инвестира во спортот, младите и во нивната иднина. Една од тие инвестиции ќе претставува и изградбата на атлетска патека во подножјето на трибините на градскиот стадион. Покрај реконструкцијата на трибините и поставувањето 1.500 столчиња, ќе продолжиме со реконструкција на фудбалскиот стадион и со изградба на нови спортски терени на т.н. помошно игралиште, за што веќе е изготвена проектна документација.

Станува збор за комплексен проект што паралелно ќе се одвива во две фази, односно носители ќе бидат индивидуални сопственици на стари куќи и Општината. Населението ќе има можност преку ревитализација на старите селски куќи да ги пренамени во автентични сместувачки капацитети за потенцијални туристи. Општината, како партнер во овој проект, ќе обезбеди инфраструктура, урбана опрема и пристапност до туристичките локации што се сместени на Осоговските Планини. За таа цел Општината ќе го доуреди манастирско-туристичкиот комплекс во селото Цера, а за тоа претходно ќе биде донесен детален урбанистички план.

Поддршка за развој на селективни форми на туризам

Листа на советници за Општина Македонска Каменица

  1. Драги Стојковски 
  2. Симона Велиновска
  3. Мите Миленковски 
  4. Ивана Стоилова 
  5. Венцо Милчевски 
  6. Христина Гоцевска 
  7. Димчо Стоименовски 
  8. Александра Герасимовски 
  9. Александар Стоименовски 
  10. Анета Николова
  11. Оливер Спасевски