Јордан Насев

Општина Карбинци

Да се биде градоначалник на Општина Карбинци е голема чест, гордост и огромна одговорност. За да се биде градоначалник мора да се познава секоја педа земја од општината, да се знае со какви ресурси располага општината, да ги познава своите сограѓани и нивните потреби. Кога во 2017 година, стапив на функцијата градоначалник, Општината ја затекнав задолжена и со блокирана сметка, без основни услови за работа. Веднаш си поставив цел да создадам услови за нормално функционирање на општината. 

Со домаќинското работење, соработката со централната власт и нејзиниот слух за потребите на Општина Карбинци, денес имаме финансиски стабилна и ликвидна општина и реализираме значајни инфраструктурни проекти. Како човек што си ја сака општината се чувствувам обврзан, да ја заокружам реализацијата на веќе започнатите проекти и мојата цел е Општина Карбинци да биде посакувано место за живеење, општина на задоволни граѓани, општина без корупција, економски моќна, уредена и чиста, општина со која сите ние ќе се гордееме. Придружете ни се на патот што веќе е трасиран, за сигурна реализација на овие заложби, a тоа е најдоброто за Општина Карбинци.

Пет клучни проекти за иднината на Карбинци

Имајќи го предвид фактот дека Општина Карбинци е ридско подрачје и има недостаток на вода за наводнување и водоснабдување на земјоделските површини. За елиминирање на оваа состојба неопходно е изградба на брана. Основната намена на браната ќе биде водоснабдување (континуиран проток од 140 м/сек) и наводнување на 240 ха земјоделски површини. Изградбата на браната ќе има стопанско и заштитно дејство, преку кои ќе се огледа и еколошкото влијание.

Изградба на брана „Баргала“ на Козјачка Река

Регионален водоводен систем Плачковица

Населените места што се наоѓаат во планината Плачковица, често пати се соочуваат со недостаток на вода. Овие населени места со вода се снабдуваат од селски чешми и природни извори. Имајќи го предвид фактот дека планината Плачковица е позната како „сува планина“, односно не постојат извори со доволна количина на вода за локално решавање на водоснабдувањето.

Потсистемот Штипско Поле – лева страна е последна неизградена делница на ХМС „Брегалница“ на левиот магистрален канал, кој е изграден само до Козјачка Река, со четири испусти, зафти на територија на Општина Карбинци.

Реконструкција и продолжување со изградба на левиот канал за наводнување од хидросистемот Брегалница

Изградба на нова училишна зграда во селото Таринци

 Квалитетното образование е еден од основните предуслови за побрз и одржлив економски развој. За да се овозможи тоа потребни се и соодветни услови за учениците и за наставниот кадар. Изградба на ново основно училиште во село Таринци, со цел обезбедување поквалитетен образовен процес.

Во Општина Карбинци, во моментов, постои една градинка што се наоѓа во село Таринци. Постојано се соочуваме со недостаток на слободни места за згрижување дечиња, при што родителите се принудени, или да ги напуштаат своите работни места за да ги чуваат децата, или да ги носат своите деца во градинките во Штип. Со изградбата на нова детска градинка се очекува да се задоволат потребите од поголем капацитет за згрижување деца. Како резултат на сето ова со изградба на детска градинака во село Карбинци значително би се подобриле можностуте за сместување на децата и ќе се зголемат сместувачките капацитети за згрижување на деца од претшколска возраст. Новата детска градинка ќе има капацитет за околу 100 деца.

Изградба на детска градинка во село Карбинци

Листа на советници за Општина Карбинци

  1. Велика Стојанова 
  2. Дејан Велинов 
  3. Мимин Ферат 
  4. Тања Димитрова 
  5. Горан Младеновски 
  6. Мукадес Шабан 
  7. Драги Наковски 
  8. Бојана Ристова