Горанчо Крстев - Грга

Општина Чешиново-Облешево

Почитувани сограѓани, со чувство на длабока почит ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Oпштина Чешиново-Облешево. 

       Во наредните четири години продолжуваме со напорна и пообемна работа: завршување на веќе почнатите проекти и почнување нови значајни проекти. Како општина чиј најголем проблем се водоводната и канализациската мрежа ќе изградиме пречистителна станица во с. Чифлик за да може населението да има чиста вода за пиење; ќе изградиме фекална канализација во с. Теранци, с.  Бурилчево и с.  Жиганци, а ќе се довршат краците во другите населени места каде што има потреба; ќе се изгради водоводот во с. Чешиново; ќе се асфалтираат и ќе се реконструираат патиштата во сите населени места.

Продолжуваме кон реализација на проектите што ќе го подобрат животот на нашите сограѓани, за да ја направиме нашата општина поубаво место за живеење за младите тука да ја градат својата иднина, а повозрасните и пензионерите да имаат спокојна старост.

Пет клучни проекти за иднината на Чешиново-Облешево

Проектот претставува изградба на примарна и секундарна мрежа на фекална канализација во село Теранци. Должината на првичната канализациска мрежа и колекторот за одведување на отпадните води изнесува околу 7 208 метри. Со реализацијата на воспоставениот систем, ќе обезбедиме соодветна канализациска мрежа, која ќе биде ставена во употреба и за користење на 710 жители. Вредност на проектот е 25.956.014 денари. 

Изградба на фекална канализација во с. Теранци

Изградба на фекална канализација во с. Жиганци

Проектот претставува изградба на мрежа на фекална канализација во село Жиганци. Должината на првичната канализациска мрежа и колекторот за одведување на отпадните води изнесува околу 4 492 метри. Со реализацијата на воспоставениот систем ќе обезбедиме соодветна канализациска мрежа, која ќе биде ставена во употреба и за користење на 358 жители. Вредноста на проектот е 25.828.955 денари. 

Проектот претставува изградба на мрежа на фекална канализација во село Бурилчево. Должината на првичната канализациска мрежа и колекторот за одведување на отпадните води изнесува околу 2 710 метри. Со реализацијата на воспоставениот систем ќе обезбедиме соодветна канализациска мрежа, која ќе биде ставена во употреба и за користење на 149 жители. Вредноста на проектот е 16.775.171 денари. 

Изградба на фекална канализација во с. Бурилчево

Изградба на пречистувачка станица на фекална канализација во село Чифлик

Во село Чифлик има изградено мрежа на фекална канализација, која поради неизградената пречистувачка станица, не е пуштена во употреба. Со реализација на овој проект придобивка ќе имаат 650 жители. Вредноста на проектот е 18.336.940 денари. .

Проектот претставува изградба на примарна и секундарна мрежа за водоснабдување на село Чешиново. Со овој проект населението се снабдува со здрава вода за пиење, а ќе бидат опслужени 1 000 жители. Вредноста на проектот е 32.465.000 денари.

Изградба на водовод во с. Чешиново

Листа на советници за Општина Чешиново-Облешево

  1. Слаџана Ангелова 
  2. Иван Андонов 
  3. Стојан Ангелов 
  4. Борче Јованов 
  5. Мартина Горгиева 
  6. Методи Ристов 
  7. Клаудија Богатинова 
  8. Златко Анчов 
  9. Антонио Ангелов 
  10. Александра Атанасова 
  11. Ивана Ташова