Звонко Пекевски

Општина Берово

Почитувани граѓани на Општина Берово, соработници, пријатели, драги млади, мои сограѓани, гордо стојам пред вас со сработеното од изминатите 4 години и со чувство на голема одговорност и обврска кон идните генерации, ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Берово.

Следејќи ги приоритетите што ги дефинираме заедно со вас граѓаните, и во следните 4 години ќе продолжиме да работиме чесно, одговорно и посветено, во интерес на сите граѓани. Заедно ќе го продолжиме патот кон креирање транспарентна Општина, која ја промовира партиципацијата на граѓанството во процесите за донесување одлуки,  општина што е вистински сервис на граѓаните и со која сите ние ќе се гордееме.

Ја подобривме инфраструктурата како во градот, така и во населените места, подобрување на комуналната инфраструктура и зачувување на животната средина. Ја унапредивме противпожарната заштита, активни сме на полето на локален економски развој и во социјалната заштита, работиме на развој на туризмот и збогатување на туристичката понуда. Неизоставен дел од секојдневието се и настаните од областа на културата што го збогатуваа културно-забавниот живот во градот. 

Се надевам дека резултатите и придобивките од досега реализираните проекти, ќе бидат одржливи и ќе продолжат да траат во годините нанапред, а искрено верувам дека во наредниот период ќе продолжиме заедно со вас граѓаните, да креираме успешни политики и проекти што ќе донесат благосостојба за нашата општина и преку ефективно искористување на ресурсите, ќе придонесеме за квалитетни резултати на долг рок.

Искрено верувам дека изминатите четири години, вие граѓаните, ги почувствувавте придобивките од нашата работа, за што повторно ја бараме вашата поддршка да продолжиме понатаму да работиме со единствена цел, подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани и развој на Општина Берово.

Пет клучни проекти за иднината на Берово

За првпат од изградбата на објектот на филтер станицата за пречистување на водата за пиење ќе се почне со нејзина реконструкција, со што би се подобриле услугите што им се даваат на граѓаните и тоа би влијаело на подобрувањето на животот на целокупното население во Берово.  Филтер-станицата за пречистување на водата за пиење во Берово е изградена во 1984 година. Техничката опрема на станицата е застарена и е потребна реконструкција. 

Рехабилитација на водоводен систем со филтер-станица

Прва фаза на реконструкција и доградба на киносалата и пренамена во младински културен центар

Некогаш бевме сведоци на постоење на подобро културно живеење на овие простори, каде што секој викенд се организираа филмски проекции и други културни збиднувања.  Денес зградата на кино салата е руиниран простор во самиот центар на градот. 

 Отворањето  на младинскиот културен центар ќе вклучи целосно реновирање на зградата на поранешното кино. Во градската библиотека ќе се обезбеди соодветна читалница и клуб каде што ќе се нудат креативни содржини за младите. Книжниот фонд во библиотеката постојано ќе се обновува, со цел излегување во пресрет на читателската публика. 

 За првпат по долго време младите ќе добијат место каде што квалитетно би го исполниле своето време, место за дружење и развој на нивните креативни способности.

Енергетиката, вклучувајќи ги сите нејзини сегменти, има големо влијание врз правилниот и континуиран развој на општината и поради тоа е приоритет на сите позначајни економии. Стратешките цели на општината се фокусирани на подобрување на инфраструктурата, употреба на еколошки горива и користење обновливи извори на енергија и обезбедување на енергетската ефикасност, грижејќи се за подобрување и унапредување на животната средина и условите на живот на нејзините граѓани.

Енергетска ефикасност на општинските објекти и пречистителната станица за отпадни води - поставување фотоволтаични панели

Промена на ДУП и ГУП со овозможување зона за мало стопанство со поволни можности за нови инвеститори

Oвој битен стратешки документ дава насоки за правилен развој на градот преку сеопфатен пакет на мерки и стандарди потребни за да се постигне тоа, а исто така и овозможува поширока визија за правилното планирање на градот во наредниот период. Генералниот урбанистички план исто така ја прикажува пошироката визија за намената на градежното земјиште (приватно и во сопственост на државата), планираната инфраструктура, како што е патната мрежа, комуналната инфраструктура (електрика, водовод, канализација и сл.), како и заштита на веќе изграденото културно наследство со вградување посебни мерки и методи на заштита и конзервација.

Малешевијата располага со атрактивно, природно и културно наследство што овозможува развој на културен, екотуризам, активен туризам со промоција на традиционалната гастрономија. Една од поголемите перспективи, односно креирање имиџ на општината е заштита на културното богатство, заштита на природните реткости со цел зголемување на можностите за привлекување на домашни и странски туристи. 

 Вредноста на проектот се предвидува да биде 14.000.000 денари, а за негова реализација дополнително ќе се изготви соодветен проект, кој секако ќе биде од огромна важност за сите граѓани на Берово.

Туризмот - стратегиска гранка

Листа на советници за Општина Берово

  1. Стево Суџуковиќ 
  2. Славица Фурнаџиска 
  3. Владо Методиев 
  4. Емилија Корчовска 
  5. Герасим Гриовски 
  6. Глигорчо Крстовски 
  7. Гоце Ружински 
  8. Марија Буровска 
  9. Горанчо Андоновски  
  10. Наташа Нешовска 
  11. Елизабета Рунтевска 
  12. Драги Марковски 
  13. Маја Милошовска 
  14. Милан Пеовски 
  15. Панче Боболински