СДСМ ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Јасна идеја и јасен план за развојот на секој град, на секое село, на целата држава. 

Мојот градоначалник е од моето маало. меѓу народот. со план и решенија. најдобар!

Избери го најдоброто за твојата општина!

Погледни ги сите кандидати за градоначалници на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ.

НАРОДЕ МОЈ,

Пред вас е програмата на СДСМ за вашата општина создадена врз идеите за напредок, раст и развој на секое населено место, секој град и секое село.

СДСМ ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Јасна идеја и јасен план за развојот на секој град, на секое село, на целата држава. А, од другата страна демне огромна неизвесност, ризик, опасност и закана.

Вие одлучувате. Со вашиот глас избирате заедништво и развој, наспроти поделби и заробена држава.

Ве повикувам да направите споредба и разлика. Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за вашето место. Излезете и гласајте за најдоброто за вашата општина.

Ваш,
Зоран Заев

НАЈДОБРИТЕ ПОЛИТИКИ ЗА МОЈАТА ОПШТИНА

МОЈ ГРАДОНАЧАЛНИК

Дигитален систем за непосреден контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа. Соработка со НВО-секторот и партиципација на нивен претставник во кабинетот на градоначалникот.

ХУМАНА УРБАНИЗАЦИЈА

Градење плански со заштита на јавниот интерес согласно уставните принципи за хумано живеење и почитување на приватната сопственост. За секој квадрат нов бетон ќе има двојно повеќе зелени површини и нема да може да има нови градба без соодветно сообраќајно решение и доволно паркинг место.

ЗЕЛЕНА АГЕНДА

Набавка на еколошки јавен превоз, пречистителни станици, инвертери за греење, енергетско ефикасни фасади. Во овој мандатен период да се заврши терциерната мрежа за гасификацијата да стигне до домовите на граѓаните. Инвестирање во алтернативни извори на енергија, фотоволтаици на покривите на јавни објекти, изградба на модерни депонии кои отпадот ќе го преработуваат во енергија, субвенции за електрични тротинети, велосипеди.

ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Инвестиции од централната власт, промена на даночни политики за сопственици на повеќе недвижности, зголемен данок за недвижности кои не се користат, сервисирање долгови, укинување на парафискални давачки, социјални трансфери, поддршка на претприемаштвото и отворањето нови бизниси преку микромапирање на потребите на граѓаните во одреден реон, маало, по примерот ако нема фризерница, маркет, пекарница, сервис општината да дава субвенции да се отворат токму такви бизниси.

ИНФРАСТРУКТУРНИ ИНВЕСТИЦИИ

80 милиони евра преку Светска банка кои ги реализира МФ за изградба на локални патишта, 45 милиони од ТАВ за водоводна и канализациски мрежи во општините, атмосферска канализација, реконструкција на полски патишта, изградба на велосипедски патеки.